Израел: Продолжува воената операција во болницата, терористите се елиминирани

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари денеска изјави дека воената операција продолжува во дел од најголемата болница во Појасот Газа и дека „терористите“ и експлозивите биле елиминирани пред да влезат.

Loading...

Контраадмиралот Хагари рече дека армијата продолжува да дејствува „целно“ и во согласност со оперативните потреби во болницата Шифа и дека воената активност се одвива „во одреден комплекс за кој има разузнавачки информации кои укажуваат на терористичка активност.“

„Пред да влезат во болницата, нашите сили наидоа на експлозиви и терористи и избувна конфликт при што беа елиминирани терористите“, рече Хагари, додавајќи дека војниците „испорачале медицинска опрема, инкубатори и храна за бебиња во болницата“.

Според израелските медиуми, „во болницата меѓу другото е пронајдено и оружје, што укажува на присуство на исламска екстремистичка организација“.

Сепак, нема индикации дека заложниците земени од јужен Израел се држат во болница, но ИДФ се надева дека ќе дознае нешто за нив благодарение на операцијата во болницата.

Војската соопшти дека немало судири меѓу војниците, пациентите и медицинскиот персонал во болницата.

Најмалку пет членови на Хамас се убиени пред болницата.

Израелската армија претходно соопшти дека рано утринава влегла во болницата која ја опсадувала во рамките на копнената офанзива против Хамас.

Loading...

Израел тврди дека болницата е команден центар на Хамас.

Војниците до утрово не влегле во болницата бидејќи таму има стотици пациенти и медицински персонал, пренесе АП.

Утринава, сепак, во одредени делови од болничкиот комплекс се започнати „прецизни“ операции против Хамас и, како што се наведува, се преземаат чекори за да се избегне повредување на цивилите.

Израел го обвинува Хамас дека користи болници како покритие за своите борци и дека има команден центар на организацијата во и под болницата Шифа.

Повеќе од 11.000 Палестинци, меѓу кои две третини жени и малолетници, загинале во Газа од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, според Министерството за Газа. Околу 2.700 се водат како исчезнати.

Повеќе од 1.200 луѓе, главно цивили, беа убиени во Израел. Најмногу жртви имаше во првичните напади на Хамас, кога беше пробиена граничната ограда меѓу Газа и Израел и околу 240 заложници беа одведени на таа палестинска територија.