Израелската влада денес ќе одобри план за финансирање на фактичкото основање на 61 нова населба на Западниот Брег, објави „Аксиос“.
Според извештајот, предлогот поддржан од министерот за финансии Безалел Смотрич предвидува државни средства за изградба на куќи и објекти во привремени населби, со паралелно финансирање на инфраструктура за идните трајни заедници, објави „Тајмс оф Израел“.
Како што е наведено, планот би ѝ овозможил на владата да основа привремени населби додека официјалните процедури за планирање се уште се во тек, што би создало околности на теренот што подоцна би можеле да доведат до нивно трајно основање, објавува „Танјуг“.

