Израелската армија ги „уништила главните воени локации во Сирија“ со извршување на околу 250 напади на сириска територија од соборувањето на претседателот Башар ал Асад, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права (ОСДХ).
Според организацијата, која се потпира на огромна мрежа на извори низ Сирија, Израел бомбардирал аеродроми, радари, складишта за оружје и муниција.
Мета беа воени истражувачки центри, а оштетени се и бродови на единиците на сириската морнарица во близина на главното пристаниште Латакија, на северозападот на земјата.
Башар ал Асад беше соборен во неделата кога бунтовниците упаднаа во главниот град Дамаск, означувајќи го крајот на владеењето на неговото семејство, кое владееше со Сирија повеќе од половина век.