Израел го гранатираше аеродромот во Сирија

Сподели со своите пријатели

Аеродромот во Алепо е оштетен од израелски ракетен напад и моментално е надвор од функција, објавија сириските државни медиуми.

Loading...

Сириската воздушна одбрана одговорила на нападот, пренесуваат медиумите повикувајќи се на воени извори, пренесува Ројтерс.

Сириската опсерваторија за човекови права објави дека во воздушните напади биле уништени и неколку магацини на проиранската милиција.

Израел го нападна и аеродромот во Алепо минатата недела кога ја оштети пистата.