ИЗМАМА НА ГОДИНАТА: Препродале 100.000 стари Ајфони, наместо да ги уништат!

Сподели со своите пријатели

„Епл“во Канада склучил договор со компанијата „Geep“, според кој, кога корисниците носат стари уреди, тие се препраќаат и „Гип“ ги рециклира. Или барем така требало да биде.

Loading...

Според извештајот што оваа недела протече во јавноста, работниците наместо да ги рециклираат производите, ги продаваче, а профитот им легнал во џебовите. Се разбира, тие никогаш не известиле никого за тоа.

Проблемот настанал кога „Епл“ добил извештај дека некои од уредите што требало да бидат испратени на „Гип“ за рециклирање се користат повторно, а тоа го потврдиле со проверка на сериските броеви.

Спроведена била истрага и тие дошле до информација дека на овој начин се продадени повеќе од 100.000 уреди.

Покрај тоа што Гип го прекршил договорот, „Епл“ наведува и во тужба против оваа компанија, ставањето на стари уреди во продажба ја намалува побарувачката за нови (што автоматски влијае врз бизнисот), создава потенцијални безбедносни проблеми за корисниците, но и му штети на брендот затоа што производи наменети за уништување се појавиле на пазарот.

Според странските медиуми, Гип ги потврдил овие тврдења, но во исто време тие изјавиле дека само тројца вработени се одлучиле на тој потег, без знаење на други колеги, вклучително и на нивните претпоставени. Единствениот проблем е што тројцата вработени биле директори во компанијата.

„Епл“ го бара компанијата целиот профит заработен од продажбата на уредите што ги испратиле за рециклирање, како и дополнителни над 23 милиони долари.

Гип сака одговорноста, вклучително и плаќањето на казната, да ја преземат вработените кои ги продавале уредите и заработиле пари од нив.

Loading...

Leave a Reply