Изложба „Врзино“ на Стефан Анчевски во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во четврток со почеток во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата „Врзино“ од авторот Стефан Анчевски.

Loading...

Изложбата содржи триесетина дела во вид на интегрирана sидна инсталација.

Стефан Анчевски (Куманово, 1993) е визуелен и мултимедијален уметник. Дипломирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Има реализирано свои осум самостојни изложби, учествува на преку 100 групни изложби и прикажувања во земјава и странство. Член на ДЛУБ (2022) и ДЛУМ (2023). Живее и работи во Куманово. Во 2014 г. и 2023 г. добитник е на прва награда „TrashForArt“ и прва награда „Let’s bring justice closer to citizens“ во 2023 г. – COE – Национална галерија Мала Станица – Скопје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривични за седум лица од Куманово: Увезле забранета стока преку Табановце

За неговото творештво професорот Звонко Павличиќ ќе запише:

“…Вродената дарба на младиот сликар и графичар Стефан Анчевски ги прерасна неговите творечки стремежи за сопствено воздигнување и афирмација. По стекнатото ликовно образование, Анчевски систематски и внимателно ја одредува појдовната точка за своето творештво, каде што формира графички претстави, облици и симболи, вклучително и неговата духовна, мисловна и емоционална перцепција.

Карактеристично за неговиот начин на размислување како автор е тоа што тој настојува најважните уметнички елементи да ги спои во една хармонична целина со својот уметнички облик на комуникација и остварен визуелен и наративен израз, а со тоа постигнувајќи свој ликовен интегритет. Анчевски има тенденција да ги перципира елементите како подвижни линии, кои укажуваат на патеката по која се создаваат исклучителни оптички трикови – илузии.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Градежен работник од Куманово со тешки повреди завршил во болница

Преку многу експерименти ги создал своите оригинални уметнички вредности и дошол до сознание дека главниот феномен на една слика е неговата визуелно – графичка комуникација. Сликарскиот простор не го гради според принципот на разбирање на нештата и гледиштата, туку со нанесување на повеќе слоеви боја, испрекинати потези, стремејќи да ја нагласи транспарентноста и еластичноста на бојата, каде што продира светлината што доаѓа од позадината на сликата.

Цртежот на неговите платна се појавува доследно, но не толку очигледно, понекогаш служи за истакнување на просторните димензии, а неколку пати линијата се претвора во навидум имагинарна слика. За да ги оствари и реализира своите креативни идеи, покрај класичната примена на боите, на основата на сликата уметникот користи непосредни решенија при изразување на површината, но со различни технолошки процедури (употреба на разни природни смоли и лепила, импрегнација на песок, битумен, силиконски и акрилни маси…), каде што се постигнува одредена обоеност, структура/текстура и каде што формите се повеќе или помалку зависни од материјалот што уметникот го користи во своето дело.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Кочо Рацин“ победник во Oпштинската училишна футсал лига

Сликарството како медиум му значи многу повеќе од само доследно пренесување на видлив феномен на сликовита основа, бидејќи се смета дека свесно ги исклучува оние детали кои не се клучни носители на неговата уметничка порака и дека, пред се, тој се потпира на суштината и есенцијата на виденото и доживеаното.

Изложбата ќе биде поставена до 10. 07. 2024 година.

Пишува: Роберт Цветковски