Изложба „Спокој“ на Александар Стефановски во НУЦК „Трајко Прокопиев“

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во четврток во 19:00 часот ќе  започне музичко-театарскиот перформанс во организација на ликовниот уметник Александар Стефановски, а во 20:30 часот ќе биде отворена изложба на слики, графики и цртежи (24 дела).

Loading...

Проектот е со наслов „Спокој“ а за истиот уметникот Стефановски даде следно објаснување:

„Музичко / Театарски перформанс како увертитра на изложба е еден вид прераскажување на самата цел на изложбата во форма на различни интерпретации како: дијалог , глума , стенд-ап , џез пијано , виолина , гитара , соло пеење , арт перформанс и џез перкусии. Идејата е да со музика и глума се направи интересен увод во самата изложба и нејзината првична цел, истражување на различни стадиуми на спокојност и мир на душата. И затоа и самите платна и слики ќе бидат покриени со црна кеса за присутните да се концентрираат на уводот аудитивно за да уживаат по отварањето на изложбата визуелно. А, во визуелната конотација Спокојот се крие помеѓу контрастот на мирното и хаосот, помеѓу темното и светлото. Тоа е скриен момент на предчувство како дека нешто ќе се случи и дека нешто се исчекува во одложен момент на исчекување која страна ќе победи . Претставен со контрастот помеѓу текстурата ( релјеф ) и мазното ( боена површина ) за да и со допир (некои дела )или во контрастот се почувстува разликата помеѓу хаосот и мирот. Чувството на човекот пред да се смири или обратно. Затишје пред емоции или затишје после емоции во зависност како ќе си го доживее почитувачот на уметноста. Ако гледачот во тој даден момент е смирен ќе го восприема само мирниот дел од сликата ( боена површина,светлото ), а ако дојде со предвреме разгорени емоции ќе го доживее не-мирниот дел ( релјефот,темното).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Тромеѓа нападнат во Пчиња

Спокојот се крие во вечноста на мигот пред одлуката на која страна ќе биде повлечен субјектот кој гледа…“.

Изложбата ќе биде поставена до 30.11.2023 .

Стефановски е роден 07.01.1984 год. во Куманово. РС Македонија. Дипломирал во 2008 год на Факултетот за Ликовни уметности во Скопје, како Дипломиран Ликовен педагог со графика во класата на проф.Трајче Блажевски.

Досега има учествувано на Меѓународни ликовни колонии и тоа:

КАРПИНО” (Куманово)– 2011,2021,2022

Loading...

МАКЕДОНСКА ИКОНА” (Куманово)– 2012

Ликовна колонија АКВАРЕЛА (Косовска Митровица) – 2015

Ѕидови” – Maxima и ДБД (2015)

АРТ ВАРИЈАЦИИ” (Кочани) – 2016,2020,2021

Меѓународна ликовна колонија

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Го нападнале во Тромеѓа и му одзеле пари и клучеви

( Босилеград,Р Србија) – 2021

АЦО КАРАМАНОВ” (РАДОВИШ) – 2021

Ликовен конак – ГРАЦИЈА” (Куманово) – 2022,2023

Loading...

Мики Трендафиловски со пријателите (Крушево) 2022,2023

Ѓуриште” – (Св.Николе)2022,2023

 

Исто така има учестувано на групни изложби во сопствениот град и тоа:

Кумановски ликовни уметници (2009 – 2023)

Кумановски графичари (2021)

Скици (2022)

И 3 самостојни ликовни изложби и тоа:

Loading...

Од Александар за Александар” – Галерија Куманово (2007)

Мементо” – Галерија при НУЦК “БЕЛИ МУГРИ” Кочани (2016)

Интегрално соопштение