Изложба на Трајче Чатмов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Салонот на Уметничката галерија при НУ Музеј – Куманово, вечерва со почеток од 20:00 часот ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот уметник Трајче Чатмов.

Loading...

Трајче Чатмов е роден во Скопје. Дипломирал на факултетот за ликовни уметности во класата на проф. Рубенс Корубин, магистрирал на истиот факултет под менторство на проф. Родољуб Анастасов. Досега, има излагано во повеќе ликовни салони во земјава, а бележи учества во повеќе групни меѓународни ликовни проекти во Германија, Полска, Словенија, Јапонија и мн.други.

На изложбата ќе биде прикажана продукција од 30 ликовни дела, слики и цртежи работени во акрилна техника во актулената 2022 година. Изложбата оваа лето беше отворена во Скопје и Охрид.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ГФК Куманово го пречекува ФК Фортуна: Дојдете масовно и навивајте коректно!

За ликовната публика изложбата ќе биде поставена до 30 септември 2022 година.