Изложба на меѓународен сликарски конак „Грација – иан 2022/23“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во среда со почеток во 19.00 часот, во Изложбениот салон при НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, ќе биде отворена изложбата на слики од Меѓународниот Сликарски конак „ГРАЦИЈА – ИАН 2022 / 2023“.

Loading...

На изложбата ќе бидат презентирани дваесеттина слики од учесниците на овој проект, работени во последните две години.

Меѓународниот Сликарски конак „ГРАЦИЈА – ИАН“ е нов чинител во културниот и ликовниот живот во Куманово.

Домаќин и организатор на Сликарскиот конак е Влајко Стојчевски од Куманово, а координатор и уметнички раководител е реномираниот сликар од Куманово – Мики Трендафиловски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривопаланчанец натепал кумановец и му го оштетил возилото

На изложбата ќе бидат преставени дела работени во изминативе две години 2022 и 2023, од 17 реномирани ликовни уметници – сликари од 7 држави и тоа:

Проф. Катарина Ѓорѓевиќ и Мр.Владан Ранѓеловиќ од ФЛУ во Ниш, Паша Гициќ асистент на Универзитетот во Нови Пазар и Никола Стојановиќ самостален уметник од Врање, сите од Република Србија, Доцент Мајпејкер Јонсул од Универзитетот во Текирдаг – Република Турција, Габриеле Шафарцик од Република Германија, самостален уметник, студирала на Универзитетот во Готингент и на Академија во Краков, Проф. Др. Марин Маки Милутиновиќ од ФЛУ во Бања Лука – БиХ /Р Србска, Надежда Златкова, самостоен уметник од Велико Трново – Република Бугарија, Проф. Др. Етхем Бајмак од Призрен – Р Косово кој живее и работи и во Истамбул – Република Турција, Проф. Данчо Ордев, , Драги Хаџи Николов, Др. Стојче и Еми Тоциновски, Горан Боев, Лара Ташковска, Мики Трендафиловски, Александар Стефановски и Анастасија Недељковска (млад талент) од Република Северна Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денот на независноста утре ќе се одбележи и во Куманово

Љубителите на ликовната уметност ќе можат изложбата да ја погледаат во наредните осум дена.

Интегрално соопштение

Loading...