Изгореа три помошни простории од куќа во Табановце

Сподели со своите пријатели

Три помошни простории од куќа во кумановското село Табановце изгореа во пожар кој избувнал утринава околу два часот по полноќ.

Loading...

 

 

– На 31.08.2023 во 06.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека во атар на село Табановце, кумановско, настанал пожар во кој биле опожарени три помошни простории од куќа сопственост на С.Т.(54) од село Табановце, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

 

 

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот избувнал вчераевчер во еден помошен објект околу 02:00 часот.

 

 

На терен веднаш излегле три противпожарни возила со поголем број пожарникари и пожарот бил изгаснат утринава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавено пукање во липковско, полицијата не открила ништо

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски