Изеде 71 хот дог за 10 минути (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Џој Честнат е победник на традиционалното натпреварување во јадење хот догови, кое се одржува секоја година во Њујорк по повод 4ти јули, Денот на независноста. Тој за десет минути изел 71 хот дог.

Loading...

Џој титулата за најбрзо јадење хот догови ја зеде и минатата година, а ова беше негова 12та победа на тоа натпреварување. Минатата година успеал да изеде 74 хот догови, што бил и рекорден резултат. Оваа гоидна целта му била да изеде 75.

– Сакам да уривам рекорди, но сепак започнав да јадам премногу брзо, рекол Честнат.

Второто место го освоил Дарон Бридон од Вирџинија, кој изел 50 хот догови.

Во категоријата жени најдобра била Мики Судо која е прва последните пет години. Оваа година за десет минути изела 31 хот дог, а минатата година успеала да изеде 37. Второто место во категоријата жени го освоила Мишел Леско со 26 хот догови.

Натпреварувањето во јадење хот догови на Кон Ајленд во Њујорк, секоја година го следат илјадници луѓе, а се одржува од 1972 година.

Фото: YouTube printscreen/ ESPN

Leave a Reply