Поранешниот швајцарски претседател Ален Берсе беше избран за генерален секретар на Советот на Европа со мандат од пет години, на седницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).
Loading...
Во вториот круг од изборите во вторникот Берсе доби 114 гласа, додека останатите кандидати – поранешниот министер за култура на Естонија Индрек Саар и поранешниот министер за финансии на Белгија Дидие Рејндерс – добија 85, односно 46 гласа, објави ПССЕ.
Мандатот на Берсе ќе започне на 18 септември.
Берсе беше член на швајцарската влада од 2012 до 2023 година, за кое време двапати беше претседател на Конфедерацијата, во 2018 и 2023 година.