Изборите во Германија се за помалку од една недела. Ова е најверојатното сценарио!

Сподели со своите пријатели

Една недела пред предвремените парламентарни избори во Германија, се поверојатна е победата на Унијата ЦДУ/ЦСУ и демохристијанскиот кандидат за канцелар Фридрих Мерц, додека кратката изборна кампања дополнително ја подели нацијата, особено околу прашањето за миграцијата.

Loading...

Во речиси сите репрезентативни истражувања, резултатите се слични:

Синдикатот ЦДУ/ЦСУ – со недели има поддршка од околу 30 отсто во речиси сите репрезентативни анкети.

AfD (Алтернатива за Германија) – стабилна на второто место, околу 20 отсто поддршка

СПД на канцеларот Олаф Шолц и Зелените – го делат третото и четвртото место со околу 15 отсто поддршка.

Влезот во парламентот е неизвесен за партијата Левица, Либерално-демократската партија (ФДП) која беше во последната влада и за новооснованата популистичко-левичарска алијанса Сахра Вагенкнехт (БСВ).

Веројатна голема коалиција

Веројатната победа на сојузот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), која ја претставува Христијанско-демократската опција на федерално ниво, и баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ), сепак, ќе биде првиот чекор во формирањето стабилна влада, многу потребна на земјата која се соочува со низа проблеми, кои се движат од нерегулирана миграција до проблематична економија и застарена инфраструктура.

Математички гледано и според сегашните испитувања на јавното мислење, Унијата ЦДУ/ЦСУ би можела да формира влада со СПД, т.н. голема коалиција која владееше со земјата во неколку наврати, а последната беше под канцеларката Ангела Меркел.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ватикан: Папата Франциско e добро, по мирната ноќ

Оваа прогноза ја поткрепуваат не само блиските ставови за многу политички теми, туку и фактот што во последно време актуелниот канцелар Шолц и неговиот предизвикувач Мерц избегнуваат жестоки напади еден врз друг.

Единствен исклучок е обидот на Фридрих Мерц да протурка некои антиимиграциски иницијативи во Бундестагот со помош на гласовите на АфД, неколку недели пред изборите.

За СПД, но и за дел од јавноста, Мерц на тој начин го прекрши ветувањето дека по никоја цена нема да соработува со екстремистичките партии, нешто за што редовно беше обвинуван во текот на изборната кампања.

Коалицијата меѓу Унијата и Зелените е малку веројатно поради големите разлики во позициите за фундаменталните прашања, но и силниот отпор на ЦСУ, која стави вето на постизборната соработка со Зелените.

Никој не сака да биде во коалиција со АфД, барем засега

ЦДУ/ЦСУ не сака по секоја цена да коалицира со АфД, а таков став имаат и демохристијаните кон партиите кои ги сметаат за екстремистички, а во кои, според нив, се и Левицата и БСВ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Овој човек го има сменето концептот на новинарството. Неговата компанија живее и денес!

Противниците на миграцијата, предводени од АфД, беа поддржани и со неколку напади во Германија во кои извршители беа мигранти од Авганистан и Сирија, што го зголеми притисокот врз актуелната влада на Олаф Шолц да започне со воведување мерки од почетокот на есента, вклучително и воведување контрола на сите копнени граници.

Во меѓувреме, постои консензус за потребата од намалување на миграцијата.

Иако СПД и ЦДУ/ЦСУ меѓусебно се обвинуваат за зголемување на илегалната миграција, расте верувањето дека партиите од демократскиот центар мора да соработуваат поблиску, особено за да се намали нерегулираната миграција и со тоа да се намали влијанието на АфД.

Loading...

„Јасно е дека сите центристички партии мора да соработуваат за да ја спречат АфД да дојде на власт порано или подоцна“, изјави за АФП политикологот Маријана Кноер од Техничкиот универзитет во Дрезден.

Новата влада се соочува со многу проблеми

Мерц рече дека ќе има за цел да формира нова влада до Велигден, која се соочува со загрижувачки список на задачи со кои мора да се соочи, а кои би можеле да станат уште поголеми во ера на зголемени геополитички турбуленции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ракетата на Маск се распадна во Полска, луѓето снимија огнена топка на небото. Заврши во двор (ВИДЕО)

Германската економија, на која долго и завидува целиот свет, не може да се врати на својата позиција пред пандемијата.

Нацијата извозник се соочува со уште повеќе проблеми бидејќи Кина од клучен пазар за германскиот извоз се трансформира во клучен конкурент.

Но, најголемиот предизвик може да дојде од Вашингтон, кој долго време беше главен сојузник на Берлин.

Доналд Трамп и за време на првиот мандат не го криеше непријателството кон земјата на своите предци, а настаните на Минхенската безбедносна конференција, која се одржа минатиот викенд, покажуваат дека САД целосно ѝ вртат грб на Европа, особено на Германија.

Единствената поддршка која моментално доаѓа кон Германија од другата страна на Атлантикот е поддршката за АфД.

Новиот човек на Трамп, Илон Маск, и неговиот потпретседател Џеј-Ди Венс, исто така јавно ја поддржаа оваа партија.

Loading...

Германскиот институт за економски истражувања предупреди дека „оваа неизвесност и ескалација на трговскиот конфликт“ може да ја чини германската економија до еден процент од економското производство и да ја продолжи рецесијата за уште една година.