Италијанскиот амбасадор во посета на Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Амбасадорот на Република Италија Андреа Силвестри денеска е во работна посета на Куманово при што имаше неколку средби и активности.

Loading...

Силвестри посетата ја започна со состанок со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, средба на која се дискутирало за повеќе теми во доменот на образованието, културата, политиката и економијата.

 

 

Како што истакна градоначалникот Димитриевски една од главните теми била поврзана со образованието и изучувањето на итаијанскиот јазик во училиштата.

– Имавме можност да одржам состанок со амбасадорот, поразговаравме на повеќе теми. Една од главните теми секако беше изучување на италијанскиот јазик во основните и средни училишта во Општина Куманово, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

Во Куманово италијанскиот јазик се изучува од над 300 ученици во две средни и три основни училишта, а тоа беше повод амбасадорот да се сретне со наставници и директори на училиштата каде се изучува јазикот.

Loading...

 

 

Димитриевски и Силвестри разговарале и за економската соработка и можноста италијански компании да инвестираат во градот.

– Разговаравме со градоначалникот за можностите за соработка и продлабочување на соработката. Разговаравме и нашата намера е да ја промовираме размената и инвестицијата во државата. Знаете дека во минатото имавме инвестиции пред сè во чевларството, но убеден сум дека има простор за понатамошна соработка, изјави амбасадорот Силвестри.

Италијанската амбасада наскоро подготвува бизнис форум во земјава на кој ќе биде поканета и Општина Куманово да ги презентира можностите за инвестирање во индустриско-развојната зона Новине и Речица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

– Ќе организираме бизнис форум во наредниот период, бидејќи годинава се одбележуваат 30 години од дипмломатските односи од билатералната соработка, најави амбасадорот.

 

Loading...

 

Како што истакна градоначалникот Димитриевски пред пандемијата при посета на Венето во Италија, тамошните бизнисмени покажале интерес за инвестирање во градот, но по избувнувањето на пандемијата таквите планови биле ставени на пауза.

– За жал по случвуањата, претежно во Италија во време не корона кризата, каде беше сериозно погоден и овој регион, а и нашиот регион и Куманово, не продолжија тие контакти, но еве сега најава повторно да се продлабочат тие контакти, изјави градоначалникот.

Инаку Италија е шестиот најголем странски инвеститор во Македонија, со желба дополнително италијански компании да го прошират работењето во нашата држава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Денешната посета амбасадорот Силвестри ја заврши со отворање на изложбата посветена на италијанскиот ренесансен сликар Перуџино во Занаетчискиот дом.

 

Loading...

 

– Станува збор за патувачка изложба која веќе беше промовирана во други држави, а ќе биде промовирана и во останатите градови од Северна Македонија. Ова е прв град каде ја промовираме изложбата, рече амбасадорот.

На изложбата познавањата на италијанскиот јазик имаа можност да ги покажат и дел од учениците во кумановските училишта.

Никола Ивановски