Италијанска новинарка мора да плати 5.000 евра на Џорџa Мелони за исмејување со нејзината висина

Сподели со своите пријатели

Судот во Милано ѝ нареди на новинарката Џулија Кортез да ѝ плати на италијанската премиерка Џорџа Мелони отштета од вкупно 5.000 евра, бидејќи ја исмевала на социјалните мрежи.

Loading...

Како што јави Ројтерс, новинарката во октомври 2021 година била казнета со 1.200 евра поради исмејување на висината на премиерот, а објавија и едитирана фотографија од Мелони и поранешниот премиер и лидер на фашистичката партија Бенито Мусолини.

Кортез може да се жали на пресудата, а адвокатот на премиерката рече дека парите за отштета ќе бидат донирани во добротворни цели, пренесува Танјуг.

Судот во Рим минатата година го казни и авторот на бестселерот Роберто Савијано со парична казна од 1.000 евра, откако јавно го навреди судот на телевизија во врска со илегалната имиграција.

Новинарите на италијанската државна телевизија РАИ во мај штрајкуваа против владата на Џорџа Мелони поради „контрола“.