Италијанците годишно трошат 24 милијарди евра за козметика

Сподели со своите пријатели

Италијанците годишно трошат 24 милијарди евра за нега на телото, вклучувајќи третмани за убавина, фризерски услуги и разни козметички производи.

Само во козметичкиот сектор потрошувачката е зголемена за 31,5 отсто во последните десет години, објави италијанското здружение за еко-дерматологија Скинеко, пренесува SEEbiz.

Минатата година секое италијанско семејство потрошило во просек по 929 евра за убавина и нега на телото.

Од нив, 12,5 милијарди евра се издвоени за козметички производи, вклучувајќи средства за хигиена, производи за лице, коса и парфеми.

Се очекува годинава во козметичкиот сектор таа бројка да достигне 13,5 милијарди евра, што претставува раст од осум отсто во однос на претходната година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Доаѓа зима каква што не сме виделе долго: Метеоролозите предупредија на необични промени

Италијанците посветуваат посебно внимание на негата на косата, па така минатата година се потрошени повеќе од една милијарда евра за производи за коса и речиси 9,8 милијарди за фризерски услуги, што е во просек речиси 380 евра годишно по семејство.