Италија: Мечка нападна странски турист во провинцијата Трентино

Сподели со своите пријатели

Странски турист утрово бил нападнат од мечка во општина Дро, во северната провинција Трентино.

Loading...

Повредениот турист е пренесен во болница со повреди на екстремитетите, јавува Анса.

Властите истражуваат за да утврдат што точно се случило.

Италијанските медиуми јавуваат дека во околината неодамна била забележана женка со младенчиња.

Од 2014 година во провинцијата Трентино се забележани неколку напади на мечки врз луѓе, пренесува Танјуг.