ISW: Русите се обидуваат да ја прилагодат воената реторика на христијаните и муслиманите

Сподели со своите пријатели

Воени аналитичари го коментираат фактот дека претставникот на рускиот Совет за безбедност Алексеј Павлов изјавил дека Москва треба да се фокусира на „десотонизација“ на Украина.

Loading...

Американскиот безбедносен и одбранбен тинк-тенк, Институтот за проучување на војната (ISW), утринава објави дека руските власти се обидуваат да ја прилагодат својата воена реторика и на христијаните и на муслиманите со такви изјави.

Имено, изјавите за „десотонизација“ на Украина дојдоа по неколку извештаи за судири меѓу муслимански и немуслимански војници во редовите на руската армија, при што имаше и жестоки конфронтации.

„Тие повикуваат на војна на религиозна, но не експлицитно христијанска основа“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

ISW објави дека коментарите на Павлов „кој повикува на војна на религиозна, но не експлицитна христијанска основа“ најверојатно има за цел „да ги надмине верските поделби и да ги постави условите за континуирано регрутирање на етничките и верските малцинства да се борат во Украина“.

Павлов, да потсетиме, рече дека целта на војната треба да биде „целосна десотонизација“ и дека украинското општество е дефинирано од „фанатици“ кои сакаат да ги напуштат вредностите на руските православни, муслиманите и припадниците на еврејската вера.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.