Истражување: Жените кои сакаат да забременат би требало да го исфрлат кофеинот

Сподели со своите пријатели

Жените кои се обидуваат да влезат во една од најважните улоги во животот, да станат мајки или да забременат, треба целосно да го исфрлат кофеин за да го минимизираат ризикот од губење на бебе, предупредуваат научниците.

Loading...

Студиите на повеќе од 1.200 жени покажаа дека дури и ниското ниво на кофеин претставува ризик и пред и за време на бременоста.

Овој совет е во согласност со упатствата NHS (Национална здравствена служба), во кои се вели дека околу две шолји инстант кафе на ден се безбедни, но поголемите количини на ова може да доведат до ниска родилна тежина на бебето.

Оваа тема е многу дискутирана, бидејќи постојат докази дека кофеинот, кој исто така постои во чајот и енергетските пијалоци, немаат никаков ефект врз бебињата во матката.

Студијата, предводена од американскиот Национален институт за здравство, не е објавена и ќе биде претставена на Конгресот на американското здружение за репродуктивна медицина (ASRM) во Филаделфија.

Истражувачите тврдат: „Секое ниво на внес на кофеин за време на бременоста може да го зголеми ризикот од губење на бебе, особено во првите осум недели од бременоста. Жените кои се обидуваат да забременат можат да имаат корист од елиминирање на внесот на кофеин пред зачнувањето и за време на раната бременост.“

Тимот, предводен од д-р Александар Пурди-Смит, се врати на една студија од 2014 година, која ги разгледа ефектите на аспиринот врз бременоста.

Учесниците, 1.228 жени кои се обиделе да забременат меѓу 2007 и 2011 година, биле замолени да пријават колку кофеин и алкохол консумираат. Исто така, било измерено и нивото на кофеин во крвта, но не е јасно дали од нив било побарано да ја снимаат диетата, бидејќи храната како чоколадо, исто така, содржи кофеин.

Loading...

Резултатите покажале дека внесувањето на два или повеќе пијалоци на ден, вклучувајќи кафе, чај или газирани пијалоци, е поврзано со ризик да се изгуби бебето пред зачнувањето.

Затоа, истражувачите заклучиле дека жените можат да имаат корист само од целосна елиминација на кофеинот од нивната диета за време на бременоста.

Резултатите, исто така, покажаа дека жените кои консумирале помалку кофеин од минималниот препорачан дневен внес, сè уште се изложени на зголемен ризик.

Кофеинот е стимуланс и може да го зголеми крвниот притисок и отчукувањата на срцето, и двата не се препорачуваат за време на бременоста.

Упатствата за NHS препорачуваат бремените жени да не пијат повеќе од 200 мг кофеин на ден, околу две чаши инстант кафе и една шолја филтрирано кафе.

„Податоците за внесувањето кофеин и бременоста остануваат нешто нејасни. Сепак, тешко е да се види каква било штета, како за мајката така и за бебето, од намалување или елиминација на кофеинот“, рече Хју Тејлор, заменик претседател на АСРМ (Американско здружение за репродуктивна медицина).

Иинг Чеон, професор по репродуктивна медицина на Универзитетот во Саутемптон, рече дека има ограничувања во студијата.

„Студијата не беше дизајнирана да тестира кофеин. Внесувањето на кофеинот беше само-пријавено на прашалник“, додаде професорот Чеон.

Loading...

Во 2008 година, две студии за ефектот на кофеинот поврзани со абортусот покажаа контрастни исходи.

Експертите од „Kaiser Permanente Division of Research“ откриле дека жените кои консумирале 200 мг кофеин на ден, со поголема веројатност имаат абортус, за разлика од оние кои не консумирале кофеин.

Друга студија од „Nationwide Children’s Hospital“, објавена во „Epidemiology“, вели дека не постои зголемен ризик жените да пијат минимално кафе на ден – помеѓу 200 и 350 мг на ден.

„Ова е прва студија што сум ја видел, дава таков ригорозен совет. Самата студија е многу интересна, но потребни ни се дополнителни студии за да го докажеме тоа”, изјави Гита Нарганд, медицинска директорка на „Create Fertility Clinics“.

Leave a Reply