Истражување: 17 отсто од Австријците би се вакцинирале од Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Во Австрија само едно од пет лица има намера да се вакцинира против Ковид-19 откако вакцината ќе биде достапна, покажа истражување на јавното мислење.

Loading...

Според истражувањето, спроведено по нарачка на агенцијата АПА и телевизијата АТВ, 17 проценти од Австријците изјавиле дека сигурно ќе се вакцинираат, а 29 отсто дека сигурно нема да го направат тоа.

Уште 13 проценти од испитаниците изјавиле одредена подготвеност за вакцинација.

Врз основа на ова истражување, експертите тргнуваат од фактот дека, во овој момент, можат да бидат мобилизирани 30 проценти од граѓаните за да се вакцинираат.

Министерот за здравство Рудолф Аншобер претходно изјави дека е потребна стапка на вакцинација од најмалку 50 проценти со цел животот да се врати во нормала.

Во исто време, 83 проценти од Австријците одбиваат обврска за вакцинирање, а само 14 би поддржале таква обврска.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply