Истрага против перуанскиот претседател, премиер и министри

Сподели со своите пријатели

Главниот обвинител на Перу покрена истрага против претседателката Дина Болуарте, премиерот и клучните министри поради повеќенеделниот конфликт во оваа јужноамериканска земја во кој загинаа десетици луѓе, јавува агенцијата Танјуг повикувајќи се на Би-Би-Си.

Loading...

Според извештаите, перуанските власти се под истрага под обвинение за „геноцид, квалификувано убиство и тешки телесни повреди“.

Државното обвинителство во вторникот ја објави својата одлука да го истражи Дина Болуарте, како и премиерот Алберто Отарола и министрите за одбрана и за внатрешни работи.

Според последните податоци загинале најмалку 40 лица.

Нема коментари

Претседателот, премиерот и министрите јавно не го коментираа покренувањето на истрагата против нив.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Насилството избувна откако поранешниот претседател на Перу, Педро Кастиљо, беше уапсен во декември поради обид за распуштање на Конгресот.

Поддржувачите на Кастиљо, од кои многумина се сиромашни домородни Перуанци, бараат Болуарте да поднесе оставка, да се одржат предвремени избори и да се ослободи поранешниот претседател.

Владата на премиерот Отарола вчера доби доверба во Конгресот.

Loading...