Исповед на робинка од харемот на Гадафи: Мачење и силување – Го мразев неговиот здив!

Сподели со своите пријатели

Често слушавме исповеди на девојки и жени кои поминале одреден период во харем, многу слични приказни, а од друга страна, секоја траума е посебна.

Loading...

Некои биле таму доброволно, а од некои од приказните буквално може да ви се смачи.

Ова е уште едно признание кое ја шокираше јавноста.

Француски новинар објави исповед на жени кои сведочеле за животот во харем.

Тие биле принудени да бидат дел од харемот на либискиот револуционер Моамер ел Гадафи, кој беше убиен во 2011 година.

 

 

Loading...

Самата книга содржи потресни сведоштва за жени на кои убавината им била билет за пеколот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска е Ѓурѓовден – празник на будење на природата

Во случај да ги забележел, знаеле што доаѓа. Многу жени биле киднапирани, тепани, понижувани и силувани од овој водач.

Книгата што ги содржи сведоштвата се вика „Плен: Во харемот на Гадафи“, а ги собрал Козан, новинар од францускиот весник „Монд“.

– Бев многу возбудена бидејќи требаше да го видам Моамер Гадафи во живо. Срцето диво ми чукаше. Училиштето ме избра да му подарам букет цвеќе. Сè се случи брзо. Му подадов цвеќиња, му ја бакнав раката и се поклонив, а Гадафи ме галеше по главата – рекла Сораја.

Тој ја погледнал во очи и рекол:

„Јас сум ти татко и брат. Ќе ми бидеш и љубовница. Ќе останеш со мене засекогаш.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како настанала песната „Ѓурѓевдан“, безвременскиот хит на ју-просторот?

Но, во харемот имало и други жени кои имале слична судбина. Тој земал вијагра и имал односи до четири пати на ден.

 

Loading...

 

Сораја изјавила дека особено го мрази неговиот здив кој мириса на лук, тутун и виски.

Таа истакна дека тој бил садист, дека ги малтретирал на многу начини, но и дека ги силувал кога имал само 15 години.

– Тоа беше една од моите најболни истраги – изјавила новинарката.

Харемот обично се наоѓал во подрумот на неговата резиденција.

-Тие жени биле принудени да се појават пред него во долна облека, тој можел да дојде во секое време од денот или ноќта. Тие биле силувани, тепани, изложени на најлошите видови на сексуално понижување. За Гадафи силувањето било оружје… начин на доминација на другите – жените, очигледно, затоа што било лесно, но и мажите, со поседување на нивните сопруги и ќерки – објаснила новинарката.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како настанала песната „Ѓурѓевдан“, безвременскиот хит на ју-просторот?