„Мажите сакаат да им бидам баба или тетка. Уживам во оваа работа, да не ја направам немаше да ја работам“, вели ескорт баба која има 70 години.
„Познавам ескорт дами кои тоа го прават само за парите, но тоа не е случај со мене. Ако дојде денот кога престанам да уживам, тогаш веќе нема да го правам тоа“, вели 70-годишната Керолин Ве, која почнала да работи како ескорт дама во 60-тите години.
Таа вели дека нејзиниот најмлад клиент имал 20 години, а најстариот можеби 100, пишува Дејли Стар.
– Тоа младо момче беше многу срамежливо. Но, такви се кога се млади. Најстариот не сакаше да каже колку години има, тврдеше дека има 70-ти години, но можеби е 20 години постар – вели Каролина.
Таа има и значителна гардероба која ѝ помага да се подготви за сите вкусови…
– Ако сме во хотел, тогаш ќе ја носам мојата нормална облека, но одоздола ќе имам секси долна облека. Имам и кожна облека за момци на кои им се допаѓа… – вели Вее.
Таа вели дека во животот спиела со околу 1.000 мажи и дека тоа е нешто во кое ужива.
Пред десет години таа се приклучила на свингерски клуб кој редовно го посетува…