Исплатени субвенциите за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства

Сподели со своите пријатели

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на директни плаќања за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства.

Loading...

На близу 9700 сточари се исплатени 329.512 денари за говеда евидентирани во регистарот за одгледувалишта на говеда, а 5877 пчелари кои поседуваат минимум 35 регистрирани презимени пчелни семејства добија финансиска поддршка од 210 милиони денари.

Висината на директните плаќања за говеда изнесува 2.800 денари по грло ,односно 3.100 по грло за земјоделски стопанства со пријавен број за финансиска поддршка од минимум 10 до максимум 50 грла.

Висината на директните плаќања за презимени пчелни семејства изнесува 600 денари по пчелно семејство , односно 800 за оние земјоделски стопанства со пријавен број на пчелни семејства за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства.

Агенцијата исто така ја реализираше и исплатата од подмерката од Интервентниот фонд за набавени вештачки ѓубрива за 327 корисници со финансиска поддршак од 7.6 милиони денари.

„АФПЗРР продолжува со подготовка на исплатите за останатите мерки за финансиска поддршка за сточарско производство. Во следниот период со засилена динамика ќе продолжи имплементацијата на програмите за директни плаќања и рурален развој како и интервентниот фонд како главни механизми за државна финансиска поддршка за агросекторот и домашното производство на храна ” – информира директорот Бачовски.

Интегрално соопштение