Исламска држава најави поинтензивни напади ширум светот, особено во Европа

Сподели со своите пријатели

Официјални лица на таканаречената Исламска држава издадоа соопштение во кое ги повикуваат членовите на оваа организација да ги интензивираат нападите ширум светот, особено во Европа, каде што фокусот на претставниците на земјите во моментов е на војната во Украина.

Loading...

Во соопштението издадено од портпаролот на организацијата Абу Омар ал Муџахир се посочува дека припадниците на ИСИЛ подготвуваат одмазда по смртта на поранешниот лидер на организацијата Абу Ибрахим ал Кураиши.

 

Кадиров му порача на Зеленски: Ќе завршиме со тебе деновиве!

 

„Со доверба во Бога, најавуваме благословена одмаздничка кампања“, рече портпаролот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Исто така, се наведува дека одмаздата пред се значи интензивирање на нападите кои ќе ги пријават членовите на оваа организација.

Поддржувачите на ИСИЛ треба да ја искористат можноста кога „крстоносците“ се борат меѓу себе во Украина и вршат напади во Европа“, рече Ал Муџахир.

Loading...

Портпаролот на ИСИЛ се осврна и на актуелната ситуација во Израел и конфликтите меѓу припадниците на израелската армија и полиција и Палестинците.

 

Зеленски: Русите подготвуваат офанзива, сакаат да го уништат истокот на Донбас

 

„Ерусалим може да се ослободи од Евреите само со враќање на калифатот, а не со палестинското востание или со помош на оние кои имаат вредности кои се менуваат во согласност со интересите на нивните западни господари“, рече претставникот на ИСИЛ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

На крајот од своето обраќање тој ги повика сите муслимани во арапскиот свет да се спротивстават на лидерите кои имаат добри односи со Израел или сакаат да се помират со нив.

 

Loading...