Посетата на иранскиот претседател Ебрахим Раиси на Турција е одложена, објави во вторникот полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним, без да наведе причина.
Посетата беше закажана за вторник, но беше одложена за друг датум“, објави Тасним.
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави претходно овој месец дека Раиси ќе ја посети Турција кон крајот на ноември за да разговара за ситуацијата во Појасот Газа.
Од кабинетот на турскиот претседател не ја соопштија причината за одложувањето на посетата.
ПРОЧИТАЈТЕ И: Иран нападна американски бази во Јордан и Заливот откако Трамп нареди напади кај Ормуз

