Ирански полицајци пукале во метро полно со луѓе и тепале жени во воз (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Иранските безбедносни сили пукале во луѓе на метро станица во Техеран и тепале жени кои не носеле хиџаб, пишува Гардијан.

Loading...

Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат патници кои трчаат кон излезите, при што многумина паѓаат и прегазени, откако полицијата пукаше во луѓето на станицата на метрото.

Полицајците биле снимени низ прозорците на возот како минуваат низ вагоните и тепаат жени со палки.

Махса Амини, 22-годишна Иранка со курдско потекло, почина на 16 септември во морална полиција, откако беше уапсена поради кршење на иранскиот строг кодекс на облекување за жените.

 


ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вработените во Њујорк Тајмс започнаа 24-часовен штрајк