Иран жестоко им се закани на САД: Одмаздата ќе биде брутална

Сподели со своите пријатели

Врховниот ирански верски водач, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека САД ќе се соочат со силна одмазда доколку дејствуваат на заканите на претседателот Доналд Трамп.

Loading...

Претседателот на САД во неделата му се закани на Иран со бомбардирање и дополнителни царини доколку Техеран не се согласи на договор со Вашингтон за неговата нуклеарна програма.

Трамп рече дека американските и иранските претставници разговараат за тоа, но не наведе повеќе детали.

„Доколку не склучат договор, ќе има бомбардирање. Но, постои можност да им наметнам дополнителни царини како пред четири години“, изјави Трамп за NBC News.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Њујорк тајмс“: Американски офицери ја насочуваа украинската контраофанзива

Во неговиот прв мандат од 2017 до 2021 година, Трамп ги повлече САД од договорот меѓу Иран и светските сили со кој се поставуваат строги ограничувања на спорните нуклеарни активности на Техеран во замена за укинување на санкциите, објави претходно Ројтерс.