Иран воведе санкции против редакцијата на Дoјче Веле

Сподели со своите пријатели

Иран ја стави редакцијата на медиумската куќа Дојче веле (DW) на персиски јазик (фарси) на листата на санкционирани институции и лица.

Loading...

Со најновите санкции се погодени и две германски компании, како и двајца уредници на германскиот весник „Билд“.

Иранското Министерство за надворешни работи во соопштението со кое ги објавува санкциите ги обвинува споменатите лица и компании за „поддршка на тероризам“.

Санкциите вклучуваат забрана за влез и замрзнување на имот.

Иран често ги нарекува демонстрантите како „терористи“. Во таа земја со недели траат протести поради смртта на 22-годишната Махса Амини.

Таа беше уапсена затоа што не носела традиционална марама во согласност со прописите, а почина во затвор на 16 септември годинава.

Тие протести се претворија во демонстрации против режимот.

ДВ: „Тоа е неприфатливо“

Генералниот директор на ДВ Петер Лимбург нагласи дека санкциите нема да влијаат на известувањето за Иран.

Loading...

„Фактот што сега сме на таква листа нема да не спречи да им обезбедиме веродостојни информации на нашите корисници во Иран“, рече тој.

„Режимот во Иран веќе некое време им се заканува на нашите колеги на персиски јазик и нивните семејства“, рече Лимбург.

„Тоа е неприфатливо. Тој режим го поттикнува тероризмот внатрешно и надворешно. Очекувам политичарите во Германија и Европа да го зголемат притисокот врз режимот“.

Меѓу санкционираните институции се и програмата на персиски јазик на француското „Радио Франс Интернешнл“, како и Меѓународниот комитет за правда (ИСЈ), неформална група членови на Европскиот парламент кои ја поддржуваат демократијата во Иран.

Оваа иранска мерка уследи по серијата санкции наметнати од Европската унија на 17 октомври против „лица кои извршиле сериозни прекршувања на човековите права“.

По задушувањето на протестите во Иран, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека веќе не е можно да се соработува со Техеран како ништо да не се случило.