Иран нема да биде рамнодушен ако се докаже дека Русија користела нивни дронови

Сподели со своите пријатели

Иран нема да остане рамнодушен ако се докаже дека Русија користела нивни дронови во украинската војна, изјави во понеделникот иранскиот министер за надворешни работи, поради обвинувањата дека Исламската Република и испорачувала дронови на Москва за да ја нападне Украина.

Loading...

– Ако се докаже дека ирански дронови биле користени против народот во војната во Украина, не треба да останеме рамнодушни – ги цитираат државните медиуми зборовите на шефот на дипломатијата, Хосеин Амирабдолахиан.

Амирабдолахиан, сепак, изјави дека воената соработка меѓу Техеран и Москва ќе продолжи.

Велика Британија, Франција и Германија во петокот повикаа на истрага на Обединетите нации за наводите дека Русија користела беспилотни летала со иранско потекло за да ја нападне Украина, наводно кршејќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ирански медиуми: Животот тече нормално (ВИДЕО)

Повикувајќи се на дипломати и официјални лица, Ројтерс минатата недела објави дека, покрај новите дронови, Иран ветил дека ќе и обезбеди на Русија ракети земја-земја.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.