Иран е за размена на затвореници со САД

Сподели со своите пријатели

Иран рече дека е подготвен да размени затвореници со САД и ја повика администрацијата во Вашингтон „да дејствува наместо да игра на сцена“.

Loading...

Техеран побара ослободување на повеќе од десет Иранци во САД, меѓу кои седум иранско-американски двојни државјани, двајца Иранци со постојан престој во САД и четворица ирански државјани без правен статус во САД, пишува Ројтерс.

„Слобода за сите Американци“

„Подготвени сме да размениме затвореници со Вашингтон. САД мора да ги ослободат затворените ирански граѓани без никакви услови“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, пренесе новинската агенција Фарс.

Во вторникот, американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека бизнисменот со двојно иранско-американско државјанство Сијамак Намази досега поминал 2.500 дена „незаконски притворен“ во Иран и дека Вашингтон е решен да ја обезбеди слободата на сите Американци кои ги држи Техеран.