Ирачкиот парламент ја потврди новата влада на чело со Мохамед Шија ал Судани

Сподели со своите пријатели

Ирачките пратеници гласаа за новата влада во четвртокот, ставајќи крај на политичкиот ќор-сокак по една година, но земјата сè уште се соочува со бројни проблеми.

Loading...

Владата ќе ја предводи премиерот Мохамед Шија ал Судани (52), кој претходно беше министер за човекови права и труд и социјални прашања.

Ривалски групи

Собраниската седница се одржа една година по изборите на кои победи шиитскиот свештеник Моктада ал Садр, но не обезбеди мнозинство за формирање влада.

Во август, Садр ги отповика своите 73 пратеници и рече дека ја напушта политиката, што го предизвика најтешкото насилство во Багдад во последните години, бидејќи неговите поддржувачи упаднаа во владините згради и се судрија со ривалските шиитски групи поддржани од Иран.