Инспекциите во Куманово привремено затворија шест објекти

Сподели со своите пријатели

Како што информира Државниот пазарен инспекторат, во  периодот од 14 до 19 април, од страна на инспекциските служби на  Државниот пазарен инспекторат, на национално ниво извршени се вкупно 882 надзори.

Loading...

Одделението на ДПИ Куманово во истиот период изврши надзорни контроли во повеќе правни субјекти при што издаде повеќе решенија за престанок на вршење на дејност и една кривична пријава.

ДПИ Одделение Куманово издаде една  мандатна  казна  по Закон за  трговија  во износ  од  36.900,оо денари и 6 шест решенија  за  привремена забрана  за  вршење на  дејност во  траење  од  30 триесет дена  по Закон за  трговија.

 Издадено е едно решение со  наредба  за  остранување  на  недостаток  обезбедување  на сертификат  по Закон за  градежни  производи. Понатаму, издадени се 6 шест  платни налози  по Закон за  трговија во износ  од 73.800,оо  денари, додека кај еден правен субјект е  Одземена е стока  по Закон за  трговија во износ од  86.687,оо денари.

Одделението во Куманово поднесе и едно  барање  до Основен  суд Куманово  по Закон за  трговски друштва и една  кривична  пријава  до Основно Јавно обвинителство  во Куманово поради симнување  или оштетување  на службен  печат  или знак.

фото: Бриф.мк


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *