Инфлуенсерот Ендрју Тејт повторно уапсен

Сподели со своите пријатели

Инфлуенсерот Ендрју Тејт е приведен во Романија и на него му е доставен налог за апсење издаден од британските власти, соопшти денеска неговата портпаролка Матеа Петреску.

Loading...

Тејт (37) и неговиот брат Тристан беа приведени во понеделникот вечерта под обвинение за сексуален напад во случајот во Велика Британија, кој датира од 2012 до 2015 година, додаде Петреску.

Таа рече дека Апелацискиот суд во Букурешт денеска ќе донесе „клучна одлука“ за тоа дали да се спроведат наредбите издадени од британскиот магистратски суд во Вестминстер, пренесе АП.

Четири жени го пријавиле Тејт пред властите во Велика Британија за наводно сексуално насилство и физичко малтретирање, но обвинителите одлучиле да не го гонат поранешниот боксер.

Наводните жртви потоа решија да започнат кампања за групно финансирање за да ги покријат нивните правни трошоци додека водеа граѓанска постапка против Тејт.

„Ги поднесовме нашите докази за ужасните акти на насилство што ги претрпевме и чекавме акција (од властите). Но четири години подоцна ни беше кажано дека британските власти нема да го гонат“, рекоа жените на веб-страницата на кампањата.

Во одделен случај во Романија, Тејт беше обвинет за силување, трговија со луѓе и формирање криминална организација за сексуална експлоатација на жени.

Тој беше уапсен во близина на Букурешт во декември 2022 година, заедно со неговиот брат Тристан и две Романки.

Loading...

Романските обвинители официјално ги обвинија четворицата лица во јуни минатата година, а тие ја негираат вината.

Ендрју Тејт, кој собра 8,7 милиони следбеници на платформата Х, постојано тврдеше дека романските обвинители немаат докази против него и дека постои политички заговор да го замолчат.

Тој претходно беше забранет од одредени популарни платформи на социјалните мрежи поради изразување мизогински ставови и говор на омраза.

По апсењето во Романија, браќата Тејт беа задржани во полициски притвор три месеци пред да бидат префрлени во домашен притвор, по што нивното движење беше ограничено во областите на општина Букурешт и блиската област Илфов.

Во јануари, Тејт доби жалба со која се оспоруваше одземањето на неговите средства од страна на романските власти, кои беа конфискувани неколку недели откако тој првично беше уапсен.

По тој повод романските власти заплениле 15 луксузни автомобили, 14 дизајнерски часовници и готовина во повеќе валути во вредност од 3,6 милиони евра.