Инфлуенсерка го претепа детето оти ѝ ја уништило шминката, сега е под истрага (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Една 23-годишна јутуберка е под истрага, откако призна на социјалните мрежи дека ја претепала 2-годишната ќерка која ѝ ја уништила нејзината палета за шминка, пренесува Metro.

Loading...

Имено, Мишел Грејс со своите илјадници следбеници на Јутјуб го сподели видеото со наслов „Моето 2-годишно дете штотуку беше претепано“, а плачот на детето се слуша во позадина.

Инстаграм инфлуенсерка со најголемиот задник, има 11 милиони следбеници (ФОТО)

„Без разлика колку пати ѝ  велам да не ја допира мојата шминка, таа никогаш е*ено не ме слуша. Ја кријам да не може да ја најде, и што прави таа? Тој ја наоѓа. Таа ги уништи моите две палети. Раката ме боли колку ја тепав. Не буквално, но ја научив на лекција. Знам дека многу родители не се согласуваат со мене, но морав да го сторам тоа. Обично не боли воопшто и плаче околу пет секунди“, раскажа Грејс во контроверзната снимка што таа подоцна ја отстрани, но некои беа побрзи и ја зачуваа како доказ и повторно ја објавија.

https://youtu.be/e50PYy0C6CE

Влогерката сега е под истрага, иако не сподели детали. Како што самата објасни, заради сè што се случува, таа не може да каже повеќе.

После критиките од јавноста, таа објави соопштение за печатот на Твитер.

Инфлуенсерка скокна гола во снег: Нејзината реакција е урнебесна (ВИДЕО)

„Никогаш не требаше да го сторам тоа. Емоционално реагирав и погрешно проосудив. Жал ми е што испадна на тој начин. Тоа е погрешен избор на збор, признавам. Никогаш не требаше да дозволам материјалните работи да бидат поважни од неа затоа што, верувајте ми, тие навистина не се. Ја сакам повеќе од било што. Јас сум млада мајка и далеку од совршена, но јас сум добра мајка. Сè уште учам за родителството и не е секогаш лесно, мислам дека никогаш нема да биде“, рече таа, додавајќи дека ја удрила ќерка си по задникот, но не многу.

Loading...

„Инфлуенсерка“ открива како месечно заработува и до 56.000 евра (ФОТО)

„Ги повредив нејзините чувства, но не и неа. Не очекувам сите да ме разберат. Тоа беше ужасно и нечувствително, но ќе научам од ова и ќе бидам подобра мајка во иднина“, заклучи Грејс, која подоцна го избриша својот профил на таа социјална мрежа.

Leave a Reply