Индија забрани документарец на Би-Би-Си за премиерот Моди

Сподели со своите пријатели

Индија го блокираше емитувањето на документарецот на Би-Би-Си за премиерот Нарендра Моди.

Индија го забрани документарниот филм на Би-Би-Си во кој се доведува во прашање раководството на премиерот Моди за време на бунтот во државата Гуџарат во 2002 година, велејќи дека дури и споделувањето на какви било клипови од документарецот на социјалните мрежи е забрането.

Наредбата за блокирање на клиповите е издадена според специјалното право на владата на овластувања за информирање, рече на Твитер советникот на кабинетот Канчан Гупта.

Иако Би-Би-Си не емитуваше во Индија, видеото беше поставено на некои канали на Јутјуб, додаде Гупта, пренесе Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 100 бегалци од Судан загинаа или исчезнаа во два бродоломи во Либија

Владата му издаде наредба на Твитер да блокира повеќе од 50 твитови кои се поврзуваат со документарецот на британскиот јавен сервис, додека на YouTube му било кажано да го блокира секое поставување на видеото, изјави советник на индиската влада.

YouTube и Twitter ги исполнија барањата на индиската влада, пишува Reuters.

Моди беше главен министер на западната држава Гуџарат кога избувнаа немирите во кои загинаа 1.000 луѓе, повеќето муслимани, според Ројтерс.

Насилството избувна откако 59 хинду аџии ги загубија животите во пожар во воз.

Активистите за човекови права проценуваат дека најмалку двојно повеќе луѓе загинале во бунтот.

Моди ги отфрли обвинувањата дека не успеал во неговите напори да ги запре немирите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Саудиска Арабија и Пакистан потпишаа договор: Напад врз една земја е напад врз двете

Специјалниот истражен тим назначен од Врховниот суд за да ја утврди улогата на Моди во насилството, во извештајот од 541 страница во 2012 година, рече дека не може да најде докази за кривично гонење на Моди.

Моди беше номиниран од партијата Бхаратија Џаната за кандидат за премиер во 2013 година, а една година подоцна победи, како и во 2019 година.

Минатата недела, портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи го нарече документарецот на Би-Би-Си „омаловажувачки“ пропаганден материјал.