ИНЦИДЕНТ НА АЕРОДРОМ: Бесен патник дивеел, го нападнал персоналот, а потоа серасекол по градите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шокантните моменти од аеродром станаа вирални на интернет откако патник кој го пропуштил летот изгубил контрола и предизвикал хаос.

Loading...

На видеото се гледа како човекот, патник на „Рајанер“ го напаѓа персоналот, бесен крши мебел и компјутери.

На видеото се гледа моментот кога патникот ги изгубил нервите и почнал дивјачки да го напаѓа персоналот на аеродромот.

Очигледно исфрустриран од пропуштениот лет, тој почнал бурно да реагира.

На видеото кое стана вирално, непознатиот маж прво ја соблекува кошулата во бес, а потоа почнува да фрла кон персоналот на аеродромот.

Мажот грабнал кофа и ја фрлил на ѕидот пред да вреска и бесно да го впери прстот кон персоналот кој се криел зад стаклените врати на аеродромот во Палма.

Во еден момент го зема компјутерот и го крши од ѕид, а истото го прави и со столот и со печатачот.

Фрагменти од скршен мебел останале расфрлани на подот на терминалот.

Loading...

Извештаите сугерираат дека мажот неколку моменти претходно физички нападнал член на персоналот на Рајанер.

Вознемирените вработени брзо повикале помош, а на местото на настанот пристигнале шест лица од обезбедувањето.

Таму нашле лут патник кој сè уште е во дивеење. После тоа, според извештаите, мажот отишол во женски тоалет каде го скршил огледалото и се заканил дека ќе си наштети.

Тој наводно се исекол по градите и стомакот пред конечно да биде совладан од обезбедувањето и предаден на полицијата.

Мажот бил пренесен во болница на лекување пред да биде задржан во полициска станица.