Инцидент кај Серава: Непознат маж повлекол малолетно девојче

Сподели со своите пријатели

Непознато машко лице кај локалитетот Серава во Куманово повлекло малолетничка кон него, но бил забележан и избегал.

Loading...

– На 04.02.2025 во 13.40 часот во СВР Куманово, 51 – годишен жител на Куманово пријавил дека на паркинг простор кај локалитет Серава во Куманово, додека била со другарка, едно машко лице ја повлекло неговата малолетна ќерка кон него, но бил забележан од друго машко лице и го напуштил местото, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тргнува возот од Скопје за Куманово. Ќе се патува 41 минута!