Новинската агенција ИНА на албански јазик, во својот денешен натпис јавува дека според нивни извори, во карадачкиот регион на Скопска Црна Гора, од раните утрински часови започнала широка операција на македонската полиција.
Според неофицијални извори на ИНА од Малина маало, широката операција на единиците на МВР започнала во раните утрински часови во селата Малина маала и Брест, и дека станува збор за голема полициска акција .
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски за ИНА ниту ги потврдил ниту ги негирал информациите во врска со операцијата која се спроведува во моментот.
Засега нема детали за тоа што се случува во оваа планинска област, која е ставена под контрола на повеќе полициски единици.
Фото: ИНА