Во седумдесет и дветатта година од животот вчера околу 11:30 часот почина доктор примариус доктор Зоран Атанасовски Шебек, специјалист по орална хирургија и имплантологија.
Примариус доктор Атанасовски е роден во Куманово во 1937 година. Завршува Средно стоматолошко училиште, факултет и и специјализација по орална хирургија во Скопје.
Тој е раководител на првиот Центар за имплантација и протетска рехабилитација во Куманово, инаку прв од таков тип во поранешната СФРЈ. Во 1970 година ја добива Ноемвриската награда, а има објавено над 60 научни трудови во својата долгогодишна кариера.
Воедно е прогласен и за почесен член на Европската академија за имплантологија, а има добиено златен медал од Интернационалниот истражувачки комитет.
Во 1987 година станува директот на Медицинскиот центар во Куманово, а нешто подоцна отвара и сопствена стоматолошка ординација во Куманово.
Погребот ќе се одржи денес во 15 часот на градските гробишта во Куманово.