Еден 64-годишен маж од САД имал камен со големина на јајце од ној во својот мочен меур. Проблемот бил решен со операција.
Тој трпел големи болки на левата страна и имал проблеми при уринирањето, па затоа заминал во Итна помош во болницата Сент Мери на Логн Бич.
На скенерот забележале два камени. Малиот бил во делот кој ги поврзува неогвите бубреси со бешиката, а вистинското „чудовиште“ од камен било пронајдено во самата бешика.
Каменот имал тежина од 770 грама, така да бил нешто полесен од ноево јајце кое тежи 1,5 килогрмаи, но големината била слична.
Како причина за каменот во бешика често се јавува воспаление на истата. Ова се случува кога телото дехидрира или ако урнит е премногу концентриран, што доведува до појава на кристали во бешиката.
Тие се зголемуваат со текот на времето предизвикувајќи се поголем камен.
Меѓутоа, тешко дека камен може така лесно да порасне до оваа величина, па овој пациент се смета како посебен случај.
Пред десет години нему поради агресивна форма на рак му ја отстраниле бешиката и му вградиле нова, која ја направиле од парчиња од неговите црева. Токму тоа го направило подлежен на многу болести.