Има 89 години и 100.000 следбеници на Инстаграм, а еве и зошто (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кимико Нишимота започнала да фотографира во 2001. година, кога имала 72 години, во следниот период остварила кариера на која можат да и позавидат фотографите аматери ширум светот.

Како што пишува „Japan Times“, пред да тргне на курс по фотографија, кој го води нејзиниот најстар син, директор на фотографија и дизајн во студиото Јубијук, таа не допрела фотоапарат. Но, Нишимота поранешна фризерка, професионален велосипедист и домаќинка, станала уметник во доцните години.

https://www.instagram.com/p/BiZAPe2BzsT/?utm_source=ig_embed

Loading...

Денес има 89 години и над 100.000 следбеници на Инстаграм и имала прва самостојба изложба во 2011. година во Музејот на уметност Кумамото.

– Само сакам да работам нешто забавно. Што се однесува до мене, животот е забевен. Гледам низ куќата и секогаш наоѓам интересни работи за фотографирање, рекла Нишимото за „Japan Times“.

https://www.instagram.com/p/Bdr6NwGHCo7/?utm_source=ig_embed

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КАКО ХЈУ ХЕФНЕР: Овој маж живее во харем со 7 жени (ФОТО)

Нејзината работа се состои од бизарни автопортрети. Позирала како жаба, мечка, зајак, во костими, се фотографирала во ќеса за смет како лебди во воздухот и виси… Користела различни техники за да се фати себе како лета на метла, брка демони во своите колички или гази автомобили додека опуштено чита весник.

Дел од задоволството кое го чуствувате додека ја гледате нејзината работа е тоа што се гледа колку фотографијата ја прави среќна. Овие фотографии се поврзани со секојдневниот живот на Нишимото и покрај тоа што се апсурнид, делуваат интимно, имате чуство дека ја познавате.

https://www.instagram.com/p/Bc6e0PXHMkS/?utm_source=ig_embed

Работата на Нишимота е прикажана неодамна во галеријата Епсон во Токио. Нејзините фотографии објавени се и во книга. Моментално додава фотографии еднаш неделно на социјалните мрежи.

Нишимото вели дека фотографијата и помогнала да се помири со смртта на сопругот и го гледа како хоби со кое ќе се занимава до крајот на животот.

– Ако некогаш станам врзана за креветот ќе продолжам да фотографирам лежејќи, дури и ако тоа значи дека ќе го фотографирам плафонот. Никогаш нема да го испуштам мојот фотоапарат, рекла необичната старица.

Leave a Reply