Илон Маск: Сорос го мрази човештвото, ме потсетува на стрип негативец

Сподели со своите пријатели

Илон Маск, сопственикот на Тесла и Твитер, започна неиспровоциран Твитер напад врз Џорџ Сорос, честа мета на теории на заговор, обвинувајќи го финансиерот дека го мрази човештвото, само неколку дена откако Сорос откри дека го продал својот скромен удел во Тесла.

Loading...

Иако во забелешките на Маск не се споменува етничката припадност на милијардерот филантроп, Маск беше критикуван за опасната реторика која потенцијално може да поттикне дополнителни напади врз Сорос.

Во твитот доцна во понеделникот, Маск го спореди со негативецот на X-Men Магнето, кој како Сорос го преживеа холокаустот.

Кога еден корисник на Твитер го бранеше Сорос дека има добри намери критикуван од оние кои не се согласуваат со неговата политика, Маск одговори: „Претпоставувате дека тие се добри намери.“

Џонатан Гринблат, извршен директор на Лигата против клеветата, група за граѓански права која го следи и се бори против антисемитизмот, го критикуваше коментарот на Маск и рече дека тоа ќе ги „охрабри екстремистите“.

– Илон Маск ја храни екстремната десница со такви објави, споредувајќи го со еврејски супернегативец, тврдејќи дека Сорос „го мрази човештвото“, не само што е вознемирувачко, туку и опасно: ќе ги охрабри екстремистите кои веќе смислуваат антиеврејски заговори и планираат напади на Сорос и на еврејската заедница – напиша Гринбалт на Твитер.

Како одговор на твитот на Гринблат, Маск одговори со свои твитови. Во едно, Маск рече: „Еј, престанете да ме клеветите“.

Маск изјави за Си-Ен-Ен дека има право да ги објавува своите мислења на Твитер, дури и ако тоа му го одземе најголемиот извор на приходи на Твитер.

Loading...

Тој рече дека „не му е гајле“ дали неговите контроверзни твитови го привлекле гневот на клиентите на Тесла или на огласувачите на Твитер.

– Ќе кажам што сакам да кажам, а ако резултатот е загуба на пари, нека биде – рече Маск.

Сорос (92) долго време е мета на десничарските теоретичари на заговор и антисемитисти.

Тој е истакнат придонесувач за демократските кандидати и за либералните каузи. Тој е и основач на Фондацијата Отворено општество, со наведена цел да работи за правда, демократско владеење и човекови права.

Нападите врз Сорос се зголемија во последниве години заедно со зголемениот пораст на антисемитските напади.

АДЛ соопшти дека американските антисемитски инциденти го достигнале своето највисоко ниво минатата година откако групата почнала да ги следи во 1979 година.

Некои десничарски влијателни лица во САД ги прифатија странските авторитарни лидери на кои Сорос им се спротивставува, како што е Орбан.

Поранешниот претседател Доналд Трамп и многу републиканци кои го нападнаа окружниот обвинител на Њујорк, Алвин Брег, за покренување кривична пријава против Трамп, побрзаа да укажат дека Брег добил поддршка во кампањата од Сорос.

Loading...

Маск се најде на удар на критики откако го презеде Твитер затоа што им дозволи на нацистичките симпатизери да се вратат на платформата, а студиите на АДЛ и Центарот за борба против дигиталната омраза покажаа дека обемот на говорот на омраза на Твитер драстично се зголеми за време на мандатот на Маск.