Илон Маск повторно проговори за Украина и понудата на американската влада

Сподели со своите пријатели

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека SpaceX не добил никакво финансирање од американското Министерство за одбрана за Starlink, еден ден откако се појавија информации дека Пентагон размислува да плати за услугите на мрежата во Украина.

Loading...

SpaceX губи приближно 20 милиони долари месечно за одржување на сателитски услуги во Украина, но Маск најави дека ќе продолжи да финансира и покрај тоа, пренесува Ројтерс.

„Нема пари од Министерството за одбрана, но неколку други земји, организации и поединци финансираат од 11.000 до 25.000 терминали“, напиша вчера Маск во објава на социјалната мрежа Твитер.

Американскиот весник Политико во понеделникот објави дека Пентагон ќе го преземе финансирањето на Старлинк во Украина, цитирајќи двајца неименувани американски функционери.

Starlink е мрежа од микросателити дизајнирани да обезбедат пристап до интернет.