Илјада Албанци од Куманово и Липково ќе одат на протест во Скопје (видео)

Сподели со своите пријатели

Иницијативниот одбор за протестот организиран од политичката партија ”Движење Беса” од Куманово, денес на прес конференција го соопшти планот  за организирање и приклучување на протесниот марш кој ќе се одржи на 13 јуни во Скопје со почеток во 17 часот.

Loading...

Дритон Сулејмани, координатор на иницијативниот одбор за саботниот протест денес ги повика сите невладини организации, интелектуалци, семејствата погодени со случајот Сопот, семејствата погодени од сценариото во  Куманово, целиот граѓански сектор  и  сите Албанци од Куманово и Липково  без разлика на нивната партиска припадност  да  бидат дел од маршот во Скопје кој ќе се одржи под мотото ”Протестирам на албански”.

– Маршот ќе тргне од населбата Чаир во Скопје  а крајната дестинација ќе биде Владата на Република Македонија каде што ќе бидат прочитани протесни пораки и ќе се одржат говори.

Албанците од општините Куманово и Липково се угнетувани, понижувани , осиромашени и дискриминирани од страна на државата и секогаш беа оставани настрана од албанските партии кои беа и се` дел од власта .

Иако  во нашиот крај е водена и војна во 2001 година,  од кога и требаше да се унапредува албанското прашање во Македонија, сепак Албанците во овој регион останаа оставени настрана ,незастапени и дискриминирани.

И ден денес, регионот на Куманово и Липково се соочуваат со егзистенциални прашања како што е  катастрофална интарструктура и недостаток на вода во Општина Липково иако го имаат Липковското езеро, потоа големиот број на невработени, недостаток на училишта за нормален развој на образованието  и многу други проблеми. Како да не им беше доста  на овие проблеми на граѓаните па  се соочија со уште еден исцениран пробленм  на 9 Мај  кој што ги потресе и ги исплаши, ги истрауматизира но за жал и ги исели дел од граѓаните на Куманово кон Запад. Во овој случај се примени сила кон невините граѓани  на Диво насеље меѓу  нив и невини  деца кои беа изложени на невиден терор и пукотници од оружје.

Како резултат на сите неуспеси  на  власта, барањата на овој протестен марш се :

  • Ќе бараме целосно расветлување на случајот на Куманово, одговорност  за авторите и организаторите  на ова сценарио како и брзо  реконструкција на домовите на Албанците кои бесправно се срушени;
  • Ќе бараме оставка на Владата на Груевски – Ахмети, затоа што оваа влада ја партизираше државата, ги злоупотреби институциите кои пропадна на  патот на интеграцијата и кои во целост се антиалбански.
  • Ќе бараме Заев да ги објави  сите материјали  што се однесуваат на албанската вистина, а конкретно тие кои се однесуваат на случајот  ,,Монструм,, инаку и него ќе го сметаме како соучесник во  злото.
  • Ќе побараме нов договор за Македонија како заедничка консезуална држава на Албанците и Македонците.
  • Ќе побараме обвинетите во случајот ,,Сопот” веднаш да се ослободат бидејќи се покажа дека се невини.

Поради горенаведените причини и за многу останати случаи, ги покануваме сите Албанци од општините Куманово и Липково да се приклучат на протесниот марш  за да заедно ја промениме нашата иднина и иднината на идните генерации. Нека се слуша албанскиот глас  на 13 Јуни  во Скопје. Под албанската химна и албанското знаме, истакна Сулејмани.

Од Куманово и Липково според најавите, на протестот ќе се приклучат 1000 граѓани, или околу 20 автобуси, соопшти Сулејмани.