Завршенa e реконструкцијата на игралиштето за кошарка во спортскиот комплекс „Соколана” во Куманово.
Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски, поставена е нова асвалтна подлога, нова тартан подлога, ограда, нови кошеви и спортска опрема.
Следува партерно уредување на комплексот, а паралелно со тоа се одвива и процесот за внатрешно уредување на самиот објект Соколана, изграден на почетокот на педесетите години на минатиот век.
Спортскиот објкет датира од доцните 20-ти години на минатиот век од периодот на Кралство Југославија, со зачетоците на Соколското движење, не само на просторите на Куманово, туку и на тогашна Европа.
На ова место се играле најдобрите кошаркарски турнири во поранешна Југославија, а тренирале и врвни гимнастичари.
Соколана има непроценливо значење за кумановци како место каде се одржувале игранки и матинеа.
Владата претходно ѝ ги врати во владение четирите големи спортски објекти на општината, Соколана, спортската сала, градскиот стадион и стрелиштето, но тие се во очајна состојба која локалната самоуправа се обидува да ја промени.
Никола Ивановски