ИДФ: Убиен командантот на снајперските сили на Хамас Мухамед Фархат

Сподели со своите пријатели

Командантот на снајперските сили на Хамас во баталјонот Тел Султан во Рафа на југот на Газа, Ахмад Ијад Мухамед Фархат, е убиен во неодамнешниот напад на израелските одбранбени сили (ИДФ), соопшти израелската армија.

Според ИДФ, снајперскиот командант Фархат бил одговорен за унапредување и извршување на бројни напади врз израелските војници во Газа и во Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Армијата вели дека во текот на изминатиот ден војници убиле неколку оперативци и уништиле згради каде што имало мини, а 36-та дивизија напредувала во таканаречениот коридор Мораг.

Во северниот дел на Газа, 252-та дивизија лоцираше и уништи дополнителна инфраструктура на Хамас, а група вооружени оперативци беа гранатирани и убиени во нападот, соопшти ИДФ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ужасни детали: Најмалку 135 осакатени тела на Палестинци се чувале во озлогласен израелски затвор

Во текот на изминатиот ден борбени авиони, беспилотни летала и хеликоптери на израелските воздухопловни сили погодија околу 40 цели во Газа, пренесува Танјуг.

ИДФ соопшти дека целите вклучувале ќелии на оперативци, згради што ги користат терористичките групи, оружје и друга инфраструктура.