ИДФ: Ги убивме терористите одговорни за ракетниот напад од Рафах

Сподели со своите пријатели

Израелската армија (ИДФ) објави дека ги убила терористите зад ракетниот бараж утринава што беше насочен од Рафа кон израелските погранични заедници.

Loading...

Според ИДФ, пишува Тајмс оф Израел, воздушниот напад бил извршен во рок од половина час од ракетниот напад, пренесува Танјуг.

Во нападот беа лансирани пет ракети, од кои сите беа соборени од израелскиот одбранбен систем „Железна купола“.