Иако се нервирате гледањето фудбалски натпревари е добро за вас

Сподели со своите пријатели

Гледањето фудбал е добро за вашето здравје, откриле научниците во студија која ги израдува обожавателите на овој спорт.

Loading...

Научници од Универзитетот во Лидс анализирале 25 навивачи на фудбалски тимови во тој град, при траење на три натпревари од Лигата на шампиони. Утврдиле дека пулсот на навивачите се забрзува за околу 64 отсто, така што кај некои достигнува до 130 отчукувања во минута. Нормалниот пулс е меѓу 60 и 100 отчукувања при мирување.

Поради таквото зголемување на пулсот научниците велат дека гледањето натпревари на навивачите делува исто како енергична прошетка во траење од час и половина.

Гледањето како нивниот тим победува исто така кај навивачите го намалува крвниот притисок и на нив психички добро влијаело така што следниот ден биле многу порасположени.

Од друга страна, гледањето како нивниот тим губи имало целосно спротивен ефект – навивачите биле многу нераспложени, а еден од нив рекол дека се чувствува „како да му починал пријателот“.

Image by LoggaWiggler from Pixabay

– Јасно е дека навивачите се многу страствени додека гледаат натпревар, толку што нивниот пулс се забрзува како кај оние кои енергично одат, што е околу 20 отсто повеќе од пулсот во состојба на мирување. Гол на било кој тим довел до зголемување на пулсот во просек за околу 20 отчукувања повеќе во минута, во однос на просекот за целиот натпревар. Поради сето тоа, може да се каже дека гледањето натпревари и навивањето можат да се споредат со кардиоваскуларен тренинг со умерен интензитет, а во зависност од исходот на мечот, тоа може да има позитивно или негативно психолошко влијание врз вас, вели авторката на студијата др. Андреа Атли.

Loading...

Експертите истакнуваат дека на навивачите по натпреварите крвниот притисок им бил понизок ако нивниот тим победувал, или повисок, доколку нивниот тим губи.

Исто така, возбудувањето кое им го носи тоа што не го знаат однапред исходот на мечот, за нив претставува своевиден стрес, но „добар стрес“.

– Иако луѓето мислат дека гледањето натпревари ги изложува на лош стрес и дека ве „турка преку работ“, не е така. Утврдивме дека ги возбудува луѓето доволно да ги изложи само на добар стрес, вели др. Атли.

Сепак, оваа возбудување и добриот стрес доаѓаат до пресврт и се претвораат во лоши расположение, ако вашиот тим губи. Наиввачите велат дека ужасно се чувствуваат по изгубен натпревар и додаваат дека тоа е првото нешто на кое помислуваат кога ќе се разбудат следното утро.

Leave a Reply