И после 20 години нема резултати од истрагата за атентатот врз Киро Глигоров

Сподели со своите пријатели

На денешен ден пред 20 години, лице кое засега се уште е непознато, изврши обид за атентат врз првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.

Loading...

Претседателот го преживеа атентатот, но од тогаш имаше сериозни здравствени последици, додека неговиот возаш Александар Спирковски ја немаше среќата да ја преживее експлозијата. Поцвреден беше и телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски.

Атентатот однесе и друга жртва, пензионер кој случајно минувал покрај местото на злосторот. Тој најпрвин со сериозни повредени беше хоспитализиран во болница, но потоа им подлегна на повредите.

Улица „Македонија“, 3 октомври, 9:50 часот, автомобил бомба во возлио АМИ 8,  поставена пред хотелот „Бристол“ во Скопје експлоридаше кога автомобилот на Глигоров се движел од претседателската резиденција кон Собранието на Република Македонија.

Автомобилот бил намерно избран за поставување на бомба, затоа што има тенок лим кој може од експлозијата да се распадне во повеќе смртоносни шрапнели. Еден таков шрапнел и го убил возачот на претседателот.

Нападот дошол по само еден ден откако во Скопје претстојувал претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ, при што претседателите на двете земји постигнале договор за мегусебно признавање на двете држави.

Ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот врз Глигоров сѐ уште не се познати. Во 1995 година, по неколку месеци од атентатот, како еден од можните атентатори, разузнавачката служба ги посочила „Ослободителната војска на Македонија“ со седиште во Австралија.

Потоа, тогашниот министер за внатрешни работи како нарачатели ги посочил бугарската „Мултигруп“ или југословенската „КОС“ но не се пронајдени тврди докази околу нивната вмешеност во атентатот.

Loading...

Подоцна, водството на бугарската организација „Мултигруп“ лично дошло во посета кај Глигоров за да ги отфрли тие шпекулации.

Во април 2008 година во Република Македонија дошла информација преку дневните медиуми дека организатор на атентатот била албанската организација „Кос“, но оваа информација не е потврдена.

За обидот за атентат врз него, Глигоров напишал и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, што ја промовирал во 2002 година.

Киро Глигоров почина на први јануари 2012 година на 94-годишна возраст.